Македонија Досега вакцинирани речиси 60 отсто од вработените во градинките и училиштата

Досега вакцинирани речиси 60 отсто од вработените во градинките и училиштата

Фото: Мета.мк

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска објави дека 59 отсто од вработените во градинките се вакцинирани. Таа ги повика и останатите 40-тина проценти кои не се вакцинирани да го направат тоа за да има безбеден престој на децата во градинките.

„Во изминатиов период вработените во градинките, воспитувачки, негувателки и технички персонал, сериозно пристапија кон процесот на вакцинирање и можам да објавам дека 59 проценти од вработените во градинките веќе се вакцинирани. Тоа говори за нивната општествена одговорност и грижата за најмладите додека престојуваат во градинките“, изјави министерката Шахпаска.

Таа потсети дека протоколот е промет и оти кај дечињата од 2 до 6 години сега е дозволено групите да бидат од по 20 деца, но ако епидемиолошката состојба дозволува Министерството за труд и социјална политика би сакало да се овозможи престојот во градинка да биде во групи како и пред пандемијата.

И Министерот за здравство Венко Филипче завчера информираше дека досега се вакцинирани 58 отсто од вработените во образованието.

„Се надеваме дека до крајот на летото ќе имаме уште поголем процент на вакцинирани во воспитно – образовниот кадар како би можеле децата од септември да се вратат на училиште“ – изјави министерот Филипче во гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија.