Свет Европа Донецк: Украинската војска се повлече од аеродромот

Донецк: Украинската војска се повлече од аеродромот

Украинската војска се повлече од новиот аеродромски терминал во Донецк, на истокот на Украина, по неколкумесечни борби со проруските сили, соопшти војската.

– Вчера е одлучено да се напушти територијата на терминалот поради прегрупирање – рече портпаролот на војската, Владислав Селезњов, додавајќи дека во судирите на аеродромот се убиени 10, а ранети 16 украински војници.

Борбата за аеродромот ескалираше минатиот викенд, нарушувајќи го примирјето договорено на почетокот на декември.