Македонија ДОМ бара прогласување вонредна состојба поради загадувањето

ДОМ бара прогласување вонредна состојба поради загадувањето

Партијата Демократска обнова на Македонија денеска побара Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето, а Министерството за животна средина веднаш да најде итни мерки за санирање на проблемот, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на ДОМ, Тони Ристов, додавајќи дека партијата нуди конкретни мерки за намалување на загадувањето.

Партијата, како што рече Ристов, веќе има конкретни мерки за надминување на проблемот. Тие предлагаат итно прогласување вонреден режим кој ќе трае до крајот на зимата, стопирање на градежните активности во градските средини, смена на сообраќајниот режим во градовите со воведување задолжителна „зелена“ зона ослободена од возила. ДОМ, исто така, предлага прогласување пешачки и велосипедски зони во центрите на градовите, како и забрана за движење тешки возила во градските подрачја.

Партијата смета дека Владата треба да даде буџетска поддршка за набавка на течен гас, печки со целосно согорување, сончеви панели за топла вода и за изолација на домовите и да се врши контрола на работата на индустриските постројки, особено на горивата што ги употребуваат.