Македонија ДОМ бара оставка од јавниот обвинител

ДОМ бара оставка од јавниот обвинител

ДОМ смета дека политичката криза бара итни мерки за решавање во инстиуциите и оти е неопходен дијалог меѓу власта и опозицијата.

„Сметаме дека разврската треба да почне со оставка на јавниот обвинител, враќање на опозицијата во Собранието и избор на нов обвинител, со консензус на сите политички партии. Потоа треба да се водат паралелно два транспарентни процеса: судски и парламентарен преку анкетна комисија“, соопшти ДОМ.

Партијата смета дека процесот треба да почне со јавниот обвинител бидејќи, според ДОМ, тој треба да биде главна фигура во судската разврска, човек со интегритет и со стручност, во кој ќе имаат доверба сите политички субјекти и јавноста.