Македонија ДОМ бара измени на Изборниот законик за да има 50 отсто жени...

ДОМ бара измени на Изборниот законик за да има 50 отсто жени во политиката

Форумот на жени на ДОМ им го честиташе 8 Март, Меѓународниот ден на жените, на сите жени во Република Македонија. Во соопштението на партијата се наведува дека ја поддржуваат платформата „Планета 50-50“ до 2030 година, поставена од Обединетите нации.

– Предлагаме преку измени во Изборниот законик, да се обезбеди еднаквa застапеност на жените и на мажите во политиката во Република Македонија, како основа за економска и за социјална еднаквост. ДОМ овој принцип веќе го практикуваше на локалните избори во 2013 година, со предложени 50 отсто жени на листите за советници – пишува во соопштението на партијата.