Свет Балкан Документите за прогонуваните од режимот во Албанија ќе станат достапни

Документите за прогонуваните од режимот во Албанија ќе станат достапни

Управниот суд на Албанија пресуди дека документите за бројот на лицата прогонувани од поранешната Агенција за безбедност и разузнавање не треба да се сметаат за тајна и тие треба да бидат јавни, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана.

На овој начин, албанската редакција на БИРН ја доби осуммесечната судска битка со албанската Државна разузнавачка служба и ќе може да ги објави документите во медиумите.

Одлуката е донесена на 17 ноември од страна на судијата Гентиан Хамити.

На тој начин ќе се објават сите злогласни методи што биле користени за прогон на албанските граѓани од страна на тајната полиција на комунистичкиот режим, кои досега се држеа тајно класифицирани од Агенцијата за безбедност и разузнавање.