Македонија Договорот со Бугарија е позитивен чекор за Балканот, оцени амбасадорот на САД...

Договорот со Бугарија е позитивен чекор за Балканот, оцени амбасадорот на САД во Софија

Потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија претставува позитивен чекор напред за Балканот, оцени американскиот амбасадор во Софија, Ерик Рубин, по средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

– Имав многу добра куса средба со премиерот, на која ја изразив нашата поддршка за плановите за потпишување на договорот со Македонија, кој мислам дека претставува позитивен чекор напред за Балканот – рече Рубин, додавајќи дека официјален Вашингтон силно ги поддржува напорите на Софија и на Скопје за потпишување на договорот.

Рубин, исто така, рече дека САД ја поддржуваат визијата на Бугарија за време на претседавањето со ЕУ да се фокусира на Балканот и додаде дека Софија би можела да одигра клучна улога.