Главна секција Договорот со Бугарија денеска на затворена седница на Kомисијата за надворешна политика

Договорот со Бугарија денеска на затворена седница на Kомисијата за надворешна политика

Членовите на собраниската Комисија за надворешна политика денеска во 10 часот на затворена седница ќе го разгледуваат нацрт-договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Седницата е закажана откако вчера до Комисијата за надворешна политика беше упатено барање од Владата на Република Македонија.

На седницата се очекува да присуствува и премиерот Зоран Заев, кој треба да го образложи постигнатиот договор.

Минатата недела, кога Заев го презентираше реформскиот план „3-6-9“ пред Комисијата за европски прашања, вети дека договорот со Бугарија, сепак, ќе им го достави на увид на пратениците.

Реакцијата на премиерот дојде откако координаторот на првата од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, обвини дека Владата ја игнорира опозицијата за договорот со Бугарија, дека молчи за деталите од посетата на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, на Атина, а не ја консултирал ниту за законот за јазиците.