Главна секција Колку милиони евра се договорите на Јанакиески и на Груевски?

Колку милиони евра се договорите на Јанакиески и на Груевски?

Двата спорни договори за кои се разговара во снимките што денеска ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, се однесуваат на изградба на автопатите Миладиновци – Свети Николе – Штип и Кичево – Охрид.

Во еден од разговорите, министерот Миле Јанакиески и непознат соговорник разговараат за прогнозата на Агенцијата за државни патишта за цената за изградба на автопатот. Соговорникот вели дека според нивните пресметки, излегува дека изградбата на автопатот Кичево – Охрид ќе чини 267 милиони евра.

Договорите се потпишани со компанијата „Синохидро корпорација“ . Првиот договор за изградба на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип е потпишан на 206 милиони евра, додека вториот, за изградба на делницата Кичево – Охрид, е на 374 милиони евра.

Парите за овие договори се обезбедени прку кредит од ЕКСИМ банка, односно 90 проценти се преку кредит од ЕКСИМ банка и 10 отсто од буџетот на РМ обезбедни преку Јавното претпијатие за државни патишта.

За овој финансиски проект, вреден 580 милиони евра, не постои тендер, туку одлуката е донесена со донесување закон во Собранието на Република Македонија.