Македонија Доделена државната награда „Св. Климент Охридски” за 2021 година

Доделена државната награда „Св. Климент Охридски” за 2021 година

Извор на фотографија: Собрание на РСМ

Универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи, за остварување во областа на воспитанието и образованието, писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и академскиот сликар – костимограф Елена Дончева, во областа на културата и уметноста, се годинешните добитници на државната награда „Св. Климент Охридски”.

Наградите, денеска им ги врачи академик Газанфер Бајрам од Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски, на свеченост во Собранието на Република Северна Македонија. Тој истакна дека Климент Охридски во нашата меморија се поврзува со писменоста, образованието, пошироко со културата.

Државната награда „Св. Климент Охридски” е  највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.