Македонија До крајот на неделава ќе се знае исходот од преговорите

До крајот на неделава ќе се знае исходот од преговорите

До крајот на неделата ќе се знае како ќе завршат преговорите и дали ќе има договор меѓу лидерите на најголемите политички партии, истакна Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Тој кажа дека и покрај притисоците што се вршат врз него, алудирајќи на вчерашната одлука на Кривичниот суд, тој нема намера да ги прекине преговорите.

Рече дека ако го притворат поради непочитување судски одлуки, преговорите ќе продолжат во Шутка.

– И денеска ќе има средба и утре ќе има средби. Договорено е до крајот на недалава да завршат сите разговори и обиди за преговори, а потоа на зелена маса да се дојде до конечно решение – одговори Заев на новинарско прашање.

Заев демантираше дека вчера со Никола Груевски имале тајни преговори, но рече дека средби се одржувале на сите партиски нивоа. Исто така, Заев одрече дека со премиерот постигнале договор во ноември да има преодна влада, а Груевски да замине во јануари.