Економија Дизелот поскапува за 2 денара, цената на бензините не се менува

Дизелот поскапува за 2 денара, цената на бензините не се менува

Фото: Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија денеска донесе одлука за поскапување на дизел горивото за 2 денара. Цената на бензините и на екстра-лесното масло за домаќинство остануваат непроменети.

Дизелот од полноќ ќе чини 109,5 денари за литар.

Од Регулаторна одлуката за поскапувањето ја оправдуваат со покачувањето на референтните цени на дизелот на светскиот пазар за 1,078 отсто. Истовремено, иако референтните цени за бензините на светскиот пазар се намалени за 2,407 отсто во однос на последната пресметка на 13 јуни, Регулаторна реши да не ги менува нивните цени.