Економија Дизелот поевтинува за еден, а бензинот за половина денар

Дизелот поевтинува за еден, а бензинот за половина денар

Дизел-горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на „еуросупер БС-98“ се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13 проценти, односно за 1,68 отсто.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати, од РКЕ ги посочуваат за 2,63 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,166 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.