Економија Дизелот од полноќ поевтинува за два денара по литар

Дизелот од полноќ поевтинува за два денара по литар

Фото: Мета.мк

Дизел горивото поевтинува за два денари, а цената на бензините останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ). Со последната нивна одлука, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто.

„Малопродажната цена на еуродизел се намалува за 2 денари за литар, а малопродажните цени на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот, не се менуваат“, соопштија во РКЕ.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,230%, кај дизелот за 2,8 отсто, кај екстра лесното за 1,6 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 4,3 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,6 отсто.