Економија Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена

Дизелот поскапува, бензинот останува со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика со најновата одлука за цените на горивата, определи поскапување само на дизел-горивото, додека бензинот останува со истата цена како во последниве две недели.

Со поскапувањето од половина денар, новата цена на дизел-горивото ќе изнесува 47 денари за еден литар, додека бензинот „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ и во следните две недели ќе се продаваат по 60,5, односно 62,5 денари за еден литар.

Новите цени стапуваат на сила ноќеска од полноќ и ќе важат следните две седмици.