Свет Директорот на ЦИА ја посетил Москва кон почетокот на март?

Директорот на ЦИА ја посетил Москва кон почетокот на март?

Директорот на американската разузнавачка агенција ЦИА, Џон Бренан ја посетил Москва на почетокот на март, соопшти руската агенција „Интерфакс“, повикувајќи се на заменик министерот за надворешни работи на Русија, Олег Сиримолотов.

Бренен меѓу другото имал состанок со руската служба за безбедност (ФСБ), а неговата посета се поврзува со одлуката на Москва да почне повлекување на своите трупи од Сирија, рече Сиримолотов.

Русија кон почетокот на март, ненадејно, по наредба на претседателот Владимир Путин, повлече најголем дел од своите воздушни сили од Сирија, кои од крајот на септември 2015 година учествуваа во воздушните напади во земјата.