Свет Европа Директорот на Европол предупредува: Ал каеда сè уште може да изврши големи...

Директорот на Европол предупредува: Ал каеда сè уште може да изврши големи напади во Европа

Опасноста од терористички напади во Европска унија и понатаму е висока, изјави денеска Роб Вејнврајт, директорот на Европол, предупредувајќи на опасноста што ја претставуваат Исламска држава и Ал каеда.

– Двете организации имаат способност и средства за да спроведат напади во ЕУ. Сметаме дека заканата за безбедноста во ЕУ ќе остане на високо ниво – изјави Венјврајт.

Според Венврајт, организациите кои се поврзани со Ал каеда „на високо ниво ја задржуваат способноста“ за извршување „големи спектакуларни напади“ во Европа. Како особена опасност ги наведе „патувачките џихадисти“, Европејци кои одат на боиштата во Ирак и во Сирија. Тие, според директорот на Европол, одамна претставуваат проблем, за што сведочи и нивната вмешаност во нападите во Франција и во Белгија.