Македонија Дипломатски тениски турнир во Скопје

Дипломатски тениски турнир во Скопје

По повод Денот на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, 29 април, и Денот на Европа, 9 мај, денеска ќе се одржи дипломатски тениски турнир на терените на тенискиот клуб „Југ“ во Скопје.

На турнирот, кој го организира МНР, во соработка со Тениската федерација на Македонија ќе учествуваат претставници од дипломатско-конзуларните претставништва и од меѓународни организации во Македонија, како и вработени во МНР.