Економија Димова: Вратени нови 24 милиони евра од фондовите ИПА1

Димова: Вратени нови 24 милиони евра од фондовите ИПА1

„Благодарение на неодговорната и расипничка власт на Никола Груевски, Република Македонија врати нови 24 милиони евра доделени неповратни средства од третата компонента на фондовите ИПА1 наменети за регионален развој“, соопшти денеска на прес-конференција пратеничката Лидија Димова.

– Ова се нови 24 милиони евра за коишто известуваме! Настрана оние стотина милиони евра од програмата ИПА2 што ЕУ ги повлече и никогаш нема да стигнат во земјата. И во двата случаи се работи за пари што земјава не треба да ги враќа. Парите биле наменети за подобрување на патната инфраструктура по должината на регионалната мрежа на Југоисточна Европа од приоритетната оска 2, со чија помош се модернизира транспортната инфраструктура, за подобрување на инфраструктурата од приоритетната оска 3 за заштита на животната средина и средства од техничка помош за подготовка за подготовка на инвестициски проекти од приоритената оска 4 – изјави Димова.

Димова предупредува дека до крајот на 2017 година може да се изгубат уште 12 милиони евра, со оглед на фактот дека министерствата покажаа ограничени капацитети за реализација на проекти.