Македонија Димова: Македонија е единствената држава од Западен Балкан за која Советот нема...

Димова: Македонија е единствената држава од Западен Балкан за која Советот нема позитивни зборови

Заклучоците на Советот на ЕУ донесоа добри вести за сите држави од нашиот регион, освен за Македонија. Македонија е единствената држава од Западен Балкан за која Советот нема позитивни зборови, реагираат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека за Македонија, Советот имал само сериозни предупредувања за назадување на реформите и критики во повеќе области.

– Во ниту една реченица од заклучоците што се однесуваат на Македонија го нема ниту зборот прогрес или напредок, што е вистинско разочарување на мнозинството наши граѓани кои сакаат да ја видат Македонија како членка на ЕУ час поскоро. Тоа е поразувачко резиме на осумте години владеење на Никола Груевски: нема преговори, нема почеток на преговори, нема никаков напредок. Целосна капитулација. Додека нашите соседи нè претекнуваат, власта на Груевски дополнително ги окупира медиумите и институциите, оставајќи ја Македонија со замрзнат кандидатски статус и европска перспектива – истакна Лидија Димова, претседател на Комисијата за европски прашања на СДСМ.