Главна секција Димитров: За решение е потребно лидерство и одговорност од сите политички фактори

Димитров: За решение е потребно лидерство и одговорност од сите политички фактори

За да се реши спорот со името потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по денешната средба со претседателот на државата Ѓоргe Иванов кого го информираше за содржината на последните разговори со МНР на Грција, Никос Коѕиас, во Њујорк и во Брисел.

– За ова исклучително значајно прашање за разликата околу името, прашање што нè влече надолу и ни ја попречува иднината повеќе години, потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори. Доколку најдеме начин да го затвориме овој проблем со зачувување на идентитетот и достоинството, сите заедно, ќе бидеме на правата страна на историјата – рече Димитров.

Претходно претседателот Иванов рече дека целиот процес на преговори со Грција наликува на личен договор на двајцата премиери и го повторил својот став дека не прифаќа решение „ерга омнес“, односно едно, ново име за сеопшта употреба.