Македонија Димитров утре во Тирана на средби со Бушати, Рама и со Мета

Димитров утре во Тирана на средби со Бушати, Рама и со Мета

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, утре во Тирана ќе има официјална средба со албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, по што соговорниците ќе имаат и заедничка прес-конференција, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

За време на посетата, која е на покана на Бушати, Димитров ќе се сретне и со албанскиот премиер, Еди Рама, како и со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.