Македонија Димитров утре ќе се сретне со Коѕиас, но не се знае каде

Димитров утре ќе се сретне со Коѕиас, но не се знае каде

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров утре ќе се сретне со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, информираат од Министерство за надворешни работи.

Од таму додаваат дека „во фокусот на разговорите ќе бидат прашања од билатерален интерес, како и понатамошно зајакнување на мерките за градење доверба.“

Местото на средбата помеѓу Димитров и Коѕиас не е соопштено.