Македонија Димитров со норвешкиот колега потпиша изјава за партнерство и соработка

Димитров со норвешкиот колега потпиша изјава за партнерство и соработка

Со денешното потпишување во Осло на заедничка изјава за партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Кралството Норвешка се отвора ново поглавје во односите со норвешката демократија, соопшти македонското министерство за надворешни работи известувајќи за работната посета на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на Норвешка, со која тој ја завршува нордиската турнеја.

Димитров денеска престојуваше во возвратна посета на Осло, само два месеца откако норвешкиот министер за надворешни работи Борге Бренде беше во посета на Скопје. Престојот во Осло, Димитров го искористи и за средба со поранешниот норвешки министер за надворешни работи Кнут Волебек.

Министерството за надврешни работи на Норвешка денеска објави јавен повик за реформска помош насочена кон зајакнување на ЕУ интеграцијата на Македонија.