Македонија Димитров се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/OДИХР за референдумот

Димитров се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/OДИХР за референдумот

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска се сретна со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за референдумот на 30 септември 2018.

Димитров, како што велат од МНР, го истакнал историското значење на актуелните процеси, како и на можноста граѓаните преку овој демократски чин да ја искажат својата волја по прашањето, кое е од огромна важност за иднината на земјата и нејзините стратешки определби за интеграција во НАТО и ЕУ, но исто така и врз политичкото стабилизирање на Регионот.

Шефот на македонската дипломатија ја реафирмирал подготвеноста на Република Македонија за продолжување на соработката со ОДИХР, а посебно за подобрување на изборните процеси, кои комплементарно придонесуваат за достигнување на бараните европски стандарди, важни за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

„Амбасадорот Петерсен се заблагодари од можноста за средба и ги пренесе основните информации за оваа мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Информираше и за планираните активности на Набљудувачката мисија во период до референдумот и на самиот ден на изјаснување, која инаку согласно препораката на Мисијата за проценка на потребите на ОДИХР би требало да брои околу 270 набљудувачи“, стои во соопштението.