Македонија Димитров: Оддавањето државна тајна го доживувам како антидржавен процес

Димитров: Оддавањето државна тајна го доживувам како антидржавен процес

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на вториот ден од работата на Комисијата за надворешни прашања рече дека нема што да крие, а го праша претседателот на комисијата, Антонио Милошоски, зошто материјалите не биле навремено доставени туку пет минути пред седницата.

-Државна тајна значи дека објавување такви информации може да наштети на процесот кој не е завршен. Во јануари не се договоривме да водиме службени белешки. Во крајна линија се надевавме дека ќе се издигнеме над предизвикот. Надмудрувања од овој тип е како болеста да дојде и да го праша лекувањето до каде е процесот. Оваа саботажа ја доживувам како антидржавен процес – рече Димитров.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат Талат Џафери да ги одобри и достават класифицираните материјали, па потоа да се чуе извештајот на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.