Македонија Димитров од утре во посета на Данска, Шведска и Финска

Димитров од утре во посета на Данска, Шведска и Финска

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, од утре до четврток ќе престојува во работна посета на Данска, Шведска и Финска.

„Во рамките на регионалната турнеја, министерот Димитров на своите нордиски колеги ќе им ги претстави стратешките приоритети на новата реформска Влада, насочени кон враќање на европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија и нејзините граѓани. Главниот акцент во разговорите ќе биде ставен на обезбедувањето на што е можно поголема помош од пријателските нордиски демократии, за поефикасно и потемелно спроведување на реформите, како и нивна засилена поддршка за што поскоро придвижување на процесите на интеграција во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.