Македонија Димитров во „Њујорк тајмс“: ЕУ да заземе поцврст став околу Македонија

Димитров во „Њујорк тајмс“: ЕУ да заземе поцврст став околу Македонија

Европската унија мора да заземе поцврст став околу Македонија. Мора да даде до знаење дека Македонија повеќе не е функционална мултиетничка демократија со која има иднина во ЕУ и НАТО, пишува  поранешниот амбасадор и член на Амстердамската тројка Никола Димитров во колумна за „Њујорк тајмс“

„ЕУ мора да помогне да се направи реформа на институциите  кои ќе гарантираат независна истрага за обвинувањата за прислушување кои ги објави лидерот на опозицијата Зоран Заев и да го подготви теренот за слободни, фер и демократски избори“, пишува Димитров во колумната.