Македонија Димитров денеска ќе се сретне со Коѕиас

Димитров денеска ќе се сретне со Коѕиас

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска ќе се сретне со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, информираат од Министерство за надворешни работи.

Од таму додаваат дека „во фокусот на разговорите ќе бидат прашања од билатерален интерес, како и понатамошно зајакнување на мерките за градење доверба.“

Местото на средбата помеѓу Димитров и Коѕиас не е соопштено.

Синоќа, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во интервју за телевизија „24“, изјави дека средбата најверојатно ќе се одржи во Грција, но не прецизираше каде.