Македонија Димитриев се вселил во кабинетот на Илинденска, Груевски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Димитриев се вселил во кабинетот на Илинденска, Груевски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Техничкиот премиер за спреведување на изборите, Емил Димитриев, работи во премиерскиот кабинет во зградата на Владата, односно од фотелјата што ја презеде од својот претходник, Никола Груевски, ни потврди портпаролот на Владата, Александар Ѓеоргиев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, својот работен ден го поминува во канцеларијата во седиштето на партијата, вели Иво Котевски, директор на партискиот центар за комуникации.

Од Владата, сепак, не можеа да ни испратат фотографија од работното место на Димитриев, но ни ветија дека при првата наредна средба на премиерот во неговиот кабинет, ќе можеме да направиме фотографии и видеоинсерти.

Никола Груевски на 14 јануари годинава поднесе оставка на местото претседател на Владата на Република Македонија, според Договорот од Пржино, а за него наследник партијата го избра генералниот секретар, Емил Димитриев.

Димитриев, пак, положи заклетва на 18 јануари во Собранието на Република Македонија.