Македонија Димитриев: Датумот за избори е дел од Договорот од Пржино

Димитриев: Датумот за избори е дел од Договорот од Пржино

„Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите политички партии во Собранието и е дел од Договорот од Пржино. Засега не гледам ниту една причина тој датум, односно закон да биде дискутабилен“, истакна денеска премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, во Владата, одговарајќи на новинарско прашање.

– Сметам дека треба да се држиме до она што веќе го имаме договорено и изгласано во Собранието на Република Македонија – рече Димитриев.