Култура Димитар Николов-Таки е новиот директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Димитар Николов-Таки е новиот директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Друштвото на филмски професионалци на Македонија за нов директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го избра Димитар Николов-Таки. Конкурсот за избор на нов директор траеше од 6 до 18 февруари.

На Собранието на филмски профеционалци освен новиот директор, избрани беа и нови членови на Управниот одбор.

Продуцентот и дистрибутер Димитар Николов-Таки е првиот човек на дистрибутерската куќа „КТ – филм и медиа“ и продуцент на играниот филм „Тајната книга“.

Претходно во три мандати по две години директорка на фестивалот „Браќа Манаки“ беше Лабина Митевска.