Забава Димитар Андоновски со нова љубовна приказна

Димитар Андоновски со нова љубовна приказна

„Жал ми е“ е летниот хит на Димитар Андоновски, за кој се снимаше и видеозапис. Снимен на неколку локации во Копенхаген, Данска, овој видеоспот плени со љубовта и со приказната што се раскажува.

Видеозаписот го работеше „Веста продукција“ од Битола, а песната е дело на хит-авторите Лазар и Магдалена Цветковски.

– Препознав љубов која ретко може да се види и затоа оваа искреност ја искористив во мојот видеоспот. Не постои глумец кој може да одглуми безрезервна и безусловна љубов што ја препознав помеѓу овој брачен пар, кој ги разнежнува сите срца и никого не остава рамнодушен. Главните ликови во видеоспотот се Ненси и Дарко, брачни партнери кои живеат во Копенхаген – изјави Димитар Андоновски.