Македонија ДИК наскоро ќе го склучи договорот за апаратите за читање отпечаток од...

ДИК наскоро ќе го склучи договорот за апаратите за читање отпечаток од прст

Фото: Мета.мк

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека течат активностите за јавната набавка на фингерпринт апаратите (апаратите што ќе ги читаат отпечатоците од прстите), кои се дополнителна мерка на идентификација на гласачите на изборите.

„Вчера пристигнаа претставници на економскиот оператор „ДЕРМАЛОГ“ и во текот на денешниот ден се вршат завршни консултации за финализирање на текстот на договорот и негово потпишување. По ова, веднаш почнуваат да течат роковите за испорака на техничката опрема, за што ДИК дополнително ќе ја информира јавноста“, се вели во соопштението.