Македонија ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Преку електронски пат заклучно со вчера, се провериле вкупно 41.040 граѓани, информира ДИК

Фото: Мета.мк

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена,
запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти денеска Државната изборна комисија.

„Исклучок од ова е пријавувањето на гласачите во дијаспората. Поради технички проблеми со интернет страницата www.dijaspora.sec.mk, кој траеше од 17 март 2024 година од 24 часот до 18 март 2024, 9 часот, пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува за времето колку што траеше прекинот, односно до 19 март 2024 година, 9 часот“, наведено е во соопштението на ДИК.

Државната изборна комисија информира дека заклучно со вчера, во подрачните
одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, увид на своите податоци
во избирачкиот список направиле 5.544 лица.

„12 лица поднеле барање за промена на своите податоци, 23 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и 10 лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список. Преку електронски пат заклучно со вчера, се провериле вкупно 41.040 граѓани. Поднесени се 37 барања за промена на податоци, 7 барања за бришење на податоци и 17 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список. По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, ве информираме дека досега се пристигнати вкупно 2.230 пријави од кои 1.545 се
прифатени, 193 се одбиени и 492 необработени пријави. Напоменуваме дека овие податоци се јавно достапни на веб страната www.dijaspora.sec.mk“, информира ДИК.