Македонија ДИК ја почнува теренската проверка на спорните гласачи

ДИК ја почнува теренската проверка на спорните гласачи

Државната изборна комисија од денеска до 3 април ќе врши теренска проверка на 89.383 гласачи од Избирачкиот список, кои се покажале како спорни по вкрстената проверка.

Како што соопштија од ДИК, заедно со проверката почна и информативната кампања „Отворени врати“.

Од ДИК соопштија дека бришењето на податоците ќе се врши по три основи, односно на барање на граѓани, на барање на политички партии и по службена должност, преку управна постапка.

По вкрстената проверка на базите на податоците од десет институции и МВР, утврдено е дека 1,5 милион лица имаат право на глас. Лицата кои се на привремена работа во странство ќе може да го искористат своето гласачко право, но ќе треба да се пријават или во амбасадите и конзуларните претставништва, или да се стават на посебен избирачки список тука во Македонија.