Македонија ДИК: Излезноста на референдумот е 36,87 проценти, „за“ гласале 91,48 отсто

ДИК: Излезноста на референдумот е 36,87 проценти, „за“ гласале 91,48 отсто

Последните неофицијални податоци од веб-страницата на Државната изборна комисија покажуваат дека излезноста на референдумот е 36,87 проценти, односно гласале 661.393 граѓани запишани во Избирачкиот список, од 98,61 проценти обработени податоци.

„За“ гласале 91,48 отсто односно 605.016 гласачи, „против“ се изјасниле 37.312 односно 5,64 проценти од гласачите.

Официјалните податоци од ДИК ќе бидат соопштени околу пладне.