Главна секција ДИК: Излезноста на гласачите до 13 часот е 20,76 проценти

ДИК: Излезноста на гласачите до 13 часот е 20,76 проценти

Фото: Мета.мк, 17 октомври 2021

Излезноста на гласачите до 13 часот е 20,76 отсто, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Податоците се собрани од 2.519 гласачки места (72,39 отсто), а на гласање излегле 237.476 гласачи.

Даштевски додаде дека на шест избирачки места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј, а на 11 места имало прекин повеќе од еден час каде што имало сериозни технички проблеми.

Според претседателот на ДИК, гужвите на гласачките места се создавале поради тоа што, по еден гласач влегувал да гласа, а ДИК упатила упатство на избирачките места да се пуштаат онолку гласачи, колку што има паравани за гласање.

Најголема излезност има во Новаци 43,07 отсто, Кратово 37,48 отсто, Крушево 37,35 отсто, Демир Хисар 35, 61 отсто, Крива Паланка 35,13 отсто, Ранковце 34,03 отсто, Вевчани 34,23 отсто, Кривогаштани 32,09 отсто, Лозово 32,02 отсто, Македонски Брод 31, 07 отсто, Прилеп 31, 69 отсто, Чашка 30,76 отсто, Карбинци 30,69 отсто, Дојран 30,55 отсто, Градско 30,15 отсто.

Најмала излезност има во Боговиње, Липково, Студеничани и Куманово каде што е под 15 отсто.