Македонија ДИК: Излезноста на гласачите до 10 часот е 8,98 проценти

ДИК: Излезноста на гласачите до 10 часот е 8,98 проценти

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста на гласачите до 10 часот на територијата на Република Македонија изнесува 8,98 проценти.

На 3.480 избирачки места гласањето е без поголеми неправилности, а портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска, информираше дека на некои места имало доцнење од најмногу 30 минути поради отстранување пропаганден материјал.

Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас на локалните избори имаат 1.814.644 гласачи во Македонија.