Македонија ДИК: Излезноста до 17 часот e 43,83 отсто, гласањето се одвива непрекинато

ДИК: Излезноста до 17 часот e 43,83 отсто, гласањето се одвива непрекинато

Според 99,21 отсто од обработените податоци, излезноста на гласачите до 17 часот на ниво на Македонија е 43,83 отсто, соопшти портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска.

Таа информираше дека гласањето течело непрекинато освен на две избирачки места, во општините Бутел и Шуто Оризари, каде што имало прекини поради неисправност на УВ-ламбите. Прекинувањето на гласањето не било подолго од половина час и таму гласањето ќе заврши во 19 часот.

До ДИК биле доставени четири приговори од граѓани кои не биле запишани во избирачкиот список, но Комисијата ги одбила зашто граѓаните личните документи ги извадиле по завршувањето на јавниот увид.