Македонија ДИК: Излезноста до 13 часот е 27,11 отсто

ДИК: Излезноста до 13 часот е 27,11 отсто

Државната изборна комисија на втората прес-конференција информираше дека на локалните избори излезноста до 13 часот е 27,11 отсто на ниво на цела Македонија.

Излезноста на ниво на Град Скопје е 29,17 отсто.

Во Аеродром излегле да гласаат 35,6 отсто од гласачите, во Битола – 28,85 отсто, во Бутел – 28,44 проценти, во Велес одзивот е 30,72 отсто, во Гази Баба – 29,34 отсто, во Карпош излегле 34,64 отсто од гласачите, во Кисела Вода – 32,45 отсто, во Куманово – 23,07 отсто, во Охрид – 28,08 проценти, во Струмица излезноста е 26,74 отсто, во Тетово – 18,76 отсто, во скопски Центар – 33,53 отсто, во Чаир – 21,88 проценти, а во Штип до 13 часот излегле да гласаат 36,83 отсто од запишаните гласачи.

На прашањето дали се регистрирани неправилности во текот на изборниот процес, портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска, изјави дека ДИК во моментов е во постојано заседание, односно има седница на која сите предизвици кои се појавуваат во текот на гласањето се решаваат.

– Сите неправилности се отстранети и гласањето тече без прекин – рече Гугучевска.