Македонија ДИК: Излезноста до 18.30 часот е 39,71 проценти

ДИК: Излезноста до 18.30 часот е 39,71 проценти

Фото: Мета.мк

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, информираше дека до 18.30 часот на гласање излегле 39,71 проценти од гласачите или од обработени 91,54 проценти 662.827 односно со целосна обработеност на податоците би биле 700.000 гласачи

Општини со најголема излезност се Аеродром (46,9 проценти), Битола (45,69), Гевгелија (58,24 проценти), Ѓорче Петров (44,58 проценти), Кавадарци (53 проценти), Карпош (49,89 проценти), Кратово (56,19 проценти), Неготино (57,47 проценти), Новаци (60,12 проценти).

Општина со најмала излезност е Боговиње со 17,9 проценти.

Од 14 поднесени приговори, еден е прифатен за остварување на право на глас, а се однесуваат на проблеми со лични документи.