Македонија ДИК: До 10 часот гласале 5,56 отсто од избирачите

ДИК: До 10 часот гласале 5,56 отсто од избирачите

Вкупно 2.420 граѓани до 10 часот наутро излегле да гласаат на референдумот во општина Центар за изгледот на ГТЦ, соопшти Државната изборна комисија.

Право на глас имаат 43.546 граѓани, кои требаат да гласаат во 78 избирачки места. Според податоците на ДИК, излезноста до 10 часот изнесува 5,56 проценти.

Граѓаните на референдумот треба да одговорат на прашањето „Дали сте за да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“