Главна секција ДИК денеска ќе го тестира системот, а од утре ќе го чисти...

ДИК денеска ќе го тестира системот, а од утре ќе го чисти избирачкиот список

Државната изборна комисија денеска ќе врши тестирање на системот за вкрстување на податоци, а од утре ќе ја почне постапката за прочистување на избирачкиот список. Како што нè информираше Субхи Јакупи, член на ДИК, обезбедени се податоци од 10 релевантни институции, а првичната процена е дека процедурата ќе трае неколку дена, по што треба да следува теренска проверка.

– Од утре треба да почнеме со вкрстување на податоците и потоа да видиме колкав ќе биде бројот на спорни имиња. Правиме сè да ја завршиме нашата работа, бидејќи имаме одреден датум до кој треба да се подготвиме – вели Јакупи.

Вкрстувањето на податоците ќе ги вршат три ИТ-компании, од кои две од Македонија и една од САД.

Во моментот во избирачкиот список се запишани 1.804.000 гласачи, но точната бројка ќе се знае по прочистувањето на списокот.