Македонија ДИК денеска ќе ги разгледува барањата за набљудувачи на референдумот

ДИК денеска ќе ги разгледува барањата за набљудувачи на референдумот

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која, меѓу другото, треба да разгледа  барања за добивање овластувања за набљудување на референдумот на 30 месецов.

Такви барања се поднесени од Шведската национална телевизија, „СВС Вести“ – Австралија, новинската агенција „Блумберг њуз“ – Велика Британија, Руската државна новинска агенција РИА, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Австриската радио телевизија, продуцентската куќа „Вијс – САД“, „Асошиејтед прес“, ОБСЕ ОДИХР (надополнување), амбасадата на Франција, „Ал Џезира“ – англиски јазик и „Ал Џезира“ – Балкан.

Членовите на ДИК треба ги разгледаат и предлог-решенијата за ставање вон употреба на печати користени од избирачки одбори, предлог-одлуката за утврдување на обликот на 39 печати со број на избирачко место кои ги користат избирачките одбори, а кои се ставени вон употреба, предлог-записник за собирање податоци за одзив на гласачи по основ на пол, како и информација од одржаните работни состаноци на ДИК.