Македонија Дијаспората собира средства за помош по поплавите во Македонија

Дијаспората собира средства за помош по поплавите во Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) изрази сочувство на семејствата засегнати од катастрофалната поплава што го зафати Скопје и околината, а беше предизвикана од пороен дожд вечерта на 7 август 2016.

ОМД иницира акција меѓу иселениците за донирање средства кои ќе бидат испратени на Македонскиот црвен крст за помош на настраданите од поплавите.

„Дополнително, ги охрабруваме граѓаните на Република Македонија да останат солидарни знаејќи дека се очекуваат нови поплави. На крајот, ги повикувме надлежните да спроведат темелно истражување со цел утврдување одговорност за нефункционалните одводни канали кои ги зголемија штетите од поплавите“, соопштуваат од ОМД.