Економија „Џонсон контролс“ отвори уште еден капацитет во земјава

„Џонсон контролс“ отвори уште еден капацитет во земјава

„Џонсон контролс“ отвори уште еден производствен капацитет во Македонија, поточно во Струмица, покажуваат податоците на Централен регистар.

Компанијата на почетокот на ноември ја најави оваа инвестиција од 20 милиони евра и како што истакнаат на прес-конференција во Владата, предвидено е да бидат отворени 1.500 работни места.

„Џонсон контролс“ има фабрика во Штип, а пред една година го продаде својот производствен капацитет во Бунарџик на компанијата „Вистеон“.