Македонија Џолев: Итни прераспоредувања нема да има, освен по исклучок

Џолев: Итни прераспоредувања нема да има, освен по исклучок

Новоизбраниот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев денеска истакна дека ќе бара судиите да работат согласно законите и оти нема да дозволи да се врши политики притисок врз нив. Тој рече дека заедно го судиите и останатите вработени ќе работат на подобрување на угледот на судот.

Прашан дали планира да направи нов годишен распоред, Џолев рече дека прво ќе се направи анализа и ќе разговара со судиите, заеднички и поединечно, па дури потоа ќе изготви нов распоред.

– Ќе има прегрупирање и се надевам дека нема да има незадоволни судии. Итни прераспоредувања нема да има, освен по исклучок, доколку се појави некоја итна интервенција, рече Џолев, кој пред два дена со 11 гласа „за“ и два „против“ беше избран за претседател на Основниот суд Скопје 1.

Џолев е судијата кој неодамна изјави дека поранешниот претседател на судот, Владимир Панчевски, вршел притисок по изречена судска пресуда. Џолев на Панчевски му поднесе кривична пријава, а за ова негово обвинување расправаа и Советот за утврдување на факти и Судскиот совет.