Свет Џими Картер откри дека боледува од рак

Џими Картер откри дека боледува од рак

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џими Картер, соопштил дека боледува од рак, кој бил откриен при хируршка операција на црниот дроб, на која бил подложен неодамна, јавуваат светските медиуми.

При операцијата, лекарите утврдиле дека ракот се проширил и на другите органи на 90-годишниот американски државник.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, Картер ќе биде подложен на лекарски третман во „Емори хeлткер“ во Атланта.

Претседателот на САД, Барак Обама, во соопштение објавено вчера, му посакал на Картер „брзо и целосно закрепнување“.

Џими Картер, демократ од сојузната американска држава Џорџија, беше избран за претседател на САД во 1976 година.

По напуштањето на Белата куќа во 1981 година, тој остана активен и во наредните години, преку хуманитарните активности на неговиот „Картер центар“.