Свет Џими Картер објави дека има меланом на мозокот

Џими Картер објави дека има меланом на мозокот

Поранешниот американски претседател, нобеловецот, Џим Картер кој минатата недела објави дека има рак денеска одржа прес-конференција на која прецизираше дека има меланом на мозокот на четири места.

Тој соопшти дека ракот се проширил по целото тело и оти денеска ќе почне третмани на зрачење. На третмани против ракот ќе оди на секои три недели, а дијагнозата е воспоставена пред операцијата на црниот дроб.

Исто така, објави дека со операција му е отстранета една десеттина од црниот дроб. Поради здравствените проблеми, нема да може да си ја врши својата работа во центарот „Картер“.

Картер изјави дека „изненадувачки лесно“ ја прифатил болеста и оти „сега е се во рацете на Господ“.

– Спремен сум на сè и спремен сум за оваа авантура – рече со насмевка на лицето 90-годишниот Џими Картер, кој должноста претседател на САД ја извршувал од 1977 до 1981 година.

Нобеловата награда за мир ја доби во 2002 година.